Министерството за образование и наука, со соопштение се огласи по повод обвинувањата на професори за инволвирање на просветните работници во политичлките случувања во Охрид.
Во соопштението се вели:
„Министерството за образование и наука континуирано се залага за следење и почитување на законската регулатива која се однесува на сите кои се дел од образованието во Република Македонија.
Во таа насока најостро реагира на наводите изнесени во изјавите на дел од професорите од Охрид а кои се однесуваат на притисоци да гласаат за актуелниот градоначалник Александар Петрески од СДСМ. Ги повикуваме сите просветните работници да не подлегнуваат на притисоци и секоја ваква злоупотреба на нивните права да ја пријават до Државниот просветен инспекторат и до останатите надлежни институции.
Наставниците, професорите и учениците не семат да бидат жртви на политичките случувања и политиката мора да остане надвор од образованието.“-стои во соопштението