На повикот може да аплицираат сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија. Училиштата кои ќе аплицираат за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” треба да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини.
Училиштата кои ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следните критериуми: Одржување на зградата и здрава внатрешна средина (санитарно-технички, еколошки услови, санитарно-хигиенски, еколошки услови; Уреден и еколошки двор(уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина, Безбедни/сигурни услови за престој и работа во училиштето), организација на физичка безбедност, превенција и заштита од природни и елементарни непогоди, безбедност во лабараторија/кабинет/работилница при реализирање на практична настава.
За избор на „Најбезбедно и најчисто училиште”, Министерството за образование и наука ќе формира комисија. По доставените апликации комисијата ќе изврши увид во самите училишта со цел на потврдување на доставените докази во прилог на апликацијата. Министерството за образование и наука ќе додели сертификати за три основни училишта и три средни училишта како најбезбедни и најчисти училишта.
МОН избраните училишта за најбезбедни и најчисти ќе ги објави на својата веб страница. Доделувањето на сертификатите ќе биде во последната недела од месец мај 2018 година.
OhridNews












