Министерството за образование и наука ги отфрли шпекулациите дека дел од тестовите учениците ги полагаа во рамките на екстерното тестирање биле пробиени.

„Министерството за образование и наука во координација со органите во состав и останатите надлежни институции, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и Државниот просветен инспекторат, направи анализа на сите тестови коишто изминатите неколку денови беа предмет на дебата и објава во одредени медиуми во обид за сензација, при што е констатирано дека прашањата во истите не се веродостојни ниту по формата, ниту по содржината на оние коишто беа изработени од страна на надлежните институции.“ – стои во соопштението.
Реакцијата на Министерството за образование и наука доаѓа откако дел од медиумите укажаа дека постои основано соменение дека учениците си ги разменувале тестовите преку интернет.
OhridNews












