Како никогаш до сега во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се наоѓа во голгетерска криза постигнувајќи само три погодоци во првите четири натпревари. „Црвените ѓаволи“ очајно бараат напаѓач кој ќе му помогне на Вејн Руни во најофанзивната линија. Одлуката во последниот ден од преодниот рок падна на Мартиал од тимот на Монако.
„Кнезовите“ сакаат максимално да ја искористат безизлезната ситуација на Јунајтед и за неговите услуги бараат неверојатни 60 милиони евра и дефанзивецот Маркос Рохо.
19-годишниот млад француски репрезентативец минатата сезона постигна 11 погодоци во француската лига и Лигата на Шампиони и со одлични игри го сврти вниманието кон себе.
Дека трансферот на Мартиал во Јунајтед е поизвесен говори фактот дека Мексиканецот, Хавиер Хернандез ќе се пресели во редовите германски Леверкузен за 16 милиони евра.
Ohridnews