Францускиот шампион Монако ќе тужи неколку клубови и следните во иднина кои на илегален начин ќе преговараат за услугите на Килијан М`бапе.
„Кнезовите“ се одлучија на ваков потег, откако два за сега не именовани клубови преговарале со агентот на фудбалерот заобиколувајќи го клубот.
– Сите клубови кои ги прекршуваат правилата на Првата француска лига и ФИФА ќе бидат пријавени и против нив ќе биде поведена судска постапка. – стои во краткото соопштение од Монако.
М`бапе вниманиет кон себе го привлече со одличната игра и неколкуте атрактивни голови за „кнезовите“ во Франција и Лигата на Шампиони.
OhridNews