Планиснката спасителна служба во соработка со Национален парк Галичица и Алпинистички клуб Патагонија Охрид, пред извесно време започнаа акција за видео мониторинг во строго заштитените зони од националниот парк.

Целта на мониторингот е следење на влијанието од присуството на луѓето врз природата. Во оваа прилика, пренесуваме дел од богатото животинско царство од Галичица, на чело со неговото височество рисот, а тука се секако и срните, волците, мечките, дивите мачки и др. Жалиме што во оваа прилика немаме можност да презентираме повеќе од огромниот фонд на фото и видео материјали, но ветуваме дека ќе дополниме наскоро, велат од ПСС Охрид.

Упатуваат апел за почитување на природата, напоменувајќи за движење само по обележаните патеки во паркот, за да не им се нарушува мирот на овие прекрасни суштества.

OhridNews