Моно-спектаклот во кој охридскиот актер Никола Тодороски го толкува ликот на Лудиот Филозоф, „Писма од земјата“ ќе биде дел од Фестивалот на монодрама што се одржува во Битола.

Фестивалот што започна на 4-ти мај трае 7 дена, а вљубениците во театарот ќе имаат можност да погледнат 13 монодрами кои ќе се борат за престижната награда „Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени вон конкуренција. На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија.

Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски. Фестивалот е во организација на Центарот за култура Битола, а со поддршка на Министерството за култура. Селектор на официјалната програма е Петар Мирчевски.

„Писма од земјата” на програмата е во недела, 8-ми мај.

OhridNews