Поголем дел од историските и археолошките податоци за ковањето на монети во охридскиот регион, ќе бидат опфатени во рамки на Монографијата  „Монетоковањето во Охрид (LYHNIDOS) од II век п.н.е. до XIII – XIV век“ која наскоро ќе биде издадена од страна на Завод и музеј од Охрид.

Изданието е авторско дело на Даница Бачева, а нејзиното печатење е дел од годишната програма на оваа Национална установа.

-Новата монографија ќе значи надополнување на фондот на вакви изданија, со кои располага односно ги има издадено нашата установа. Ова издание ќе придонесе за презентација и зачувување на голем број документирани податоци поврзани со монетоковањето во охридско, велат од Завод и музеј.

Оттаму објаснуваат дека за печатење на монографијата веќе била започната тендерска постапка и нејзиното издавање ќе чини околу 300.000 денари. Откако ќе завршат сите предвидени процедури за печатењето, ќе биде закажана и свечена промоција на изданието.

OhridNews