„Писма од земјата“, сатиричниот моноспектакл на актерот Никола Тодороски, вечерва, 19-ти март, репризно ќе биде изведен на сцената на Народниот театар Охрид при Центарот за култура „Григор Прличев“. Театарското остварување на Тодороски што предизвика стоечки овации на премиерата е сатирично дело работено според раскази од Марк Твен.
-Тое е една сатирична турболенција која зборува за сите оние горчливи нешта кои постојат во општеството. – вели актерот Тодороски.
Ова е прв театарски проект на Никола Тодороски од ваков тип во кој тој се јавува како главен лик и режисер, автор на сонговите и сценарист.
Дизајнот на костимот кој е специфичен е изработен во соработка со Ромина Стефанова Рашити.
Билетите за претставата по цена од 200 денари можат да се набават во музичката продавница ЗЗ Топ, како и на билетарницата при Центарот за култура.
Претставата започнува во 20 часот.
OhridNews