Ракометарите на Монпеље го преземаат приматот од Вардар кој година дена пред себе имаше епитет европски шампион. Францускиот клуб во големото финале во Келн со 32-27 го совлада Нант предводен од Кирил Лазаров и се искачи на највисокото место на тронот на Европа.
Тимот на Монпеље на Ф4 турнирот во германски Келн допатува како голем аутсајдер, бидејќи како ривал во 1/2 финалето го имаше токму Вардар. „Црвено црните“ не беа на ниво на задачата, а французите максимално го искористија слабиот ден и најавија сензација.
Во се` француското дерби во финалето Монпеље ја контролираше играта и резултатот, а Нант со повремени блесоци се враќаше во игра, но не и комплетно да го загрози триумфот на својот противник.
Победата и освојувањето на титулата на Монпеље уште покажа дека Ф4 турнирот во ЛШ е склон кон изненадување и триумфираат оние екипи кои играат и се борат до крај.
Во малото финале Вардар претрпе минимален пораз (29-28) од ПСЖ и финишираше на четвртата позиција.
OhridNews