Екипата на Фиорентина предвреме го раскина договорот со Виченцо Монтела по барање на младиот фудбалски стручњак.
41-годишниот тренер по завршувањето на сезоната во Италија преку медиумите се изјасни дека нема никакво разбирање со раководоството на клубот.
Италијанецот прво побара време да размисли околу неговата иднина, но тој пред истекот на рокот објави дека сака да го раскине договорот со калчолигашот.
Монтела со екипата имаше солидни успеси откако ја презеде 2012 година. Две од трите сезони заврши на четвртата позиција со пораз во последното коло во борбата за Лигата на Шампиони.
Првата сезона „виолетовите“ претрпеа пораз од Наполи во Купот на Италија, а оваа доживеаја елиминација од Севиља во 1/2 финалето од Лигата на Европа.
Ohridnews