Составот од Сан Сиро е топ тема во светските медиуми, откако успеа со девет играчи да извојува победа (1-0) на гостувањето во Болоња.
Екипата на Милан во 38-та минута остана без Палета, а дваесет минути подоцна црвен картон доби Кучка. „Росонерите“ оддолеваа на нападите до 88-та минута кога Пашалиќ на асистенција од Делофеу го постигна решавачкиот погодок.
– Неверојатно ! Го добивме мечот, иако останавме без двајца фудбалери и Поли кој играше повреден. Секоја чест за сите играчи од Донарума до Пашалиќ. Тие покажаа карактер и желба, тимска победа. – изјави Винченцо Монтела.
Фудбалерите после натпреварот во клупскиот автобус ги посети директорот на клубот, Андријано Галијани кој ги почести со шампањско.
Херојски триумф на Милан, сигурна победа на Јувентус (видео)
OhridNews