ЈП Водовод Охрид продолжува со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието.

Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старите и дотраени потопни пумпи од бунарите во с.Орман (бунар 1) и во с.Вапила. Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирани се нови потопни пумпи со јачина од 37 kw за бунарот во с.Орман и 5,5 kw за бунарот во с.Вапила, информираат од претпријатието.

OhridNews