Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси со минимални 1-0 го совлада Манчестер Јунајтед во дербито од 11-та рунда во англискиот шампионат.
Човек на одлука на Стемфорд Бриџ беше Алваро Мората кој постигна маестрален погодок со глава во 55-та минута од натпреварот. „Црвените ѓаволи“ нападнаа во финишот од мечот, но Тибо Куртоа ги одбрани ударите на Маруане Фелаини и Маркус Рашфорд за минимална победа.
Во пресрет на дербито во Лондон лидерот на табелата во Премиер лигата, Манчестер Сити ја зголеми бодовната предност на осум поени после победата над Арсенал 3-1.
Резултати: Тотенхем – Кристал Палас 1-0, Мен Сити – Арсенал 3-1, Челси – Мен Ју 1-0, Евертон – Ватфорд 3-2.
Табела: Мен Сити 31, Мен Ју 23, Тотенхем 22, Челси 22, Ливерпул 19…
OhridNews