Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората го понесе епитот трагичар во градското дерби помеѓу Арсенал – Челси на Емитари кое заврши без победник (2-2).

Напаѓачот во првиот дел не реаилизираше еден на еден ситуација со Чех. Во вториот дел асистираше за водечкиот погодок на Арсенал. „Сините“ успеаја да се вратат и да поведат, а „топчиите“ до реми стигнаа со гол во 92-та минута од мечот. Последна прилика на Емирати му припадна токму на Мората, но тој одново промаши и во очај го фрли менаџерот Антонио Конте кој остана во шок и неверување.

Сепак, после мечот италијанскиот стручњак застана во одбрана на Шпанецот кој сезонава има десет постинати голови. – Немаше среќа Мората во завршниците. Мора да тренира што повеќе, бидејќи така ќе може да напредува. За еден напаѓач е важно да постигнува голови, но јас сум среќен за неговата ангажираност во нападот иако голови не постигна на дуелот со Арсенал. – изјави Конте.

Челси со бодот остана на третата позиција, додека фудбалерите на Арсенал се наоѓаат на шестата позиција со пет бодови негатива од Ливерпул кој е четвртопласиран во најсилната англиска лига.

Дерби за паметење на Емирати (видео)