Уште една трансфер сага се разреши во светскиот фудбал, откако Реал Мадрид ја прифати понудата од Челси за напаѓачот Алваро Мората.

Шпанецот беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, Милан и Челси летово, а „сините“ беа конкретни и ја исплатија сумата која ја бараа „кралевите“.

– Одам во екипа која за тренер го има човекот кој најмногу вложи и кој најмногу веруваше во мене. Тоа ми е многу важно. Затоа со нетрпение чекам да ги помина медицинските прегледи и да и се приклучам на екипата. – изјави Мората.

Менаџерот на „сините“, Антонио Конте и шпанскиот репрезентативец соработуваа во Јувентус една сезона и аклиматизацијата во системот на Италијанецот нема да биде проблем за Мората.

OhridNews