Шпанскиот голгетер Алваро Мората остана на еден постигнат погодок во 2018 година, откако промаши неколку добри прилики за погодок на дуелот помеѓу Барнли – Челси, кој „сините“ добија со 2-1.
Во 71-та минута Мората повлечен беше од игра, а неговото место го зазеде Еден Хазард. Шпанецот негодуваше за измената и бурно реагираше на клупата, а не помогнаа ниту советите од Цеск Фабрегас.
Голгетерскиот пост и реакцијата не остана незабележана и сеир на сметка од Мората „пукна“ на социјалните мрежи. Една од многуте пораки и анегдоти за Мората се издвојува, а гласи „Ако Мората 15 пати пукаше во Тупак, тој денеска ќе имаше 47 години“.
Мората со 11 голови е втор стрелец во Челси, прв на листата е Еден Хазард со еден погодок повеќе.
OhridNews