Европскиот шампион Реал Мадрид ја прифати понудата од англискиот првак Челси за напаѓачот Алваро Мората висока 60 милиони фунти.

Откако двата клуба најдоа заеднички јазик околу оштета, Мората треба да ги договори личните услови и да ги помине лекарските прегледи и да биде промовиран за нов член на „сините“.

Мората долго време беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, но „ѓаволите“ го доведоа Ромелу Лукаку и Шпанецот отпадна од комбинација.

„Сините“ со ангажманот на Мората најверојатно и ќе го затворат купувањето на играчи. Напаѓачот е четврто засилување по голманот Виљи Кабаљеро, Антонио Рудигер и Тиему Бакајоко.

OhridNews