Дваесет и четири лица заболени од морбили се регистрирани во епидемиолошката служба при подрачната единца на Центарот за јавно здравје во Струга.

Mеѓу заболените има бебиња од три месеци до повозрасни лица од 50 години.

Од морбили заразени се и седум медицински лица и хигиеничарка во Интерното одделение во општата болница во Струга.

Тие биле заразени од пациенти, а како мерка на претпазивост забранети се посетите на ова одделение.

OhridNews