Навивачите на Рома на интересен начин го покажаа незадоволството од последните два порази на нивните миленици, од Барселона (1:6) и Аталанта (0:2). Фановите на Рома, во тренинг кампот на клубот однеле неколку кутии во кои имало 50 килограми морков, сакајќи на тој начин да ги споредат играчите со зајаци.


Фановите на Рома, покрај невообичаениот ‘подарок’ за играчите истакнале и транспарент на кои пишувало „На здравје зајаци“, алудирајќи дека кукавички играле во поразите од Барселона и Аталанта, пренесува „Макфакс“.

Токму овие два порази сериозно ја доведоа во прашање иднината на тренерот Руди Гарсија во Рома.

Рома, во Серија А, се наоѓа на четвртото место со 27 бодови, четири помалку од лидерот Наполи, додека во Лигата на шампионите ќе мора да го совладаат БАТЕ Борисов доколку сакаат да играат во осминафиналето.

Ohridnews