Моштите на Светите Зосим и Јаков во манастирот Тумане, денес по повод празникот посветен на светците, беа украсени со нови филигрански влечки и ракавици, дело на охридскиот занаетчија Михајло Филев, кој е и почесен конзул на Република Србија во Македонија.
Филев вели дека му биле потребни три месеци да го создаде ова дело кое како што посочува го работел со голема посветеност за благослов на сите православни христијани и за сите луѓе во светот.
Огромна беше честа што ме поканија да го направам ова дело. Тоа беше моментот кога добив инспирација да создадам реликвија што ќе остане врска меѓу два братски народа, српскиот и македонскиот, и сите православни верници, потенцира Филев.
Додава дека филигранските влечки и ракавици се изработени од чисто сребро и украсени со охридски бисери.
Делото е направено за Божји благослов за да се заштити човештвото и нашите два братски народа и истото нема цена, додава Филев.
Н.С.Ј.