Руските трупи претпладнево презедоа „целосна контрола“ врз украинскиот град Изјум, изјави во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесе ДПА.
Сè уште нема потврда од украинската страна.
Градот во источна Украина беше под опсада со денови. Пред војната имал околу 48.000 жители.

Вкупно, 202 украински системи за противракетна одбрана, 257 беспилотни летала и повеќе од 1.500 тенкови и други оклопни борбени возила се уништени од почетокот на војната пред еден месец, соопшти Министерството.
Информацијата не може да се потврди независно.
OhridNews











