Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани десеттина неправилности на гласачките места во општините во кои се одвива вториот круг од локалните избори.

На гласачко место 1917 во Велешта општина Струга, забележани се 32 случаи на семејно гласање. Во гласачкото место е забележано и присуство на неовластени лица, 4 случаи на јавно гласање, како и 3 наврати во кои едно исто лице гласало во име на 9 други.

Семејно гласање е регистрирано и во уште неколку општини каде денес се гласа.

OhridNews