Мостот кон селата Вапила и Ливоишта сеуште не е саниран по оштетувањето од сообраќајната несреќа која се случи пред околу месец дена, кога автомобил излета од истиот.
Вчера на истото место е избегната несреќа која ќе била со катастрофални последици, велат жителите од селата.
Се жалат дека не се преземени никакви мерки за санација на мостот, преку кој секојндевно се движат автомобили и со страв се разминуваат.
OhridNews се обрати до стручните служби на Општина Охрид, од каде велат дека извршен бил увид на мостот.
Следи изготвување на техничко решение по што ќе се пристапи кон решавање на проблемот, додаваат од Општина Охрид.
OhridNews












