Откако пред два месеца беа санирани оштетувањата на „Мостот на желбите“, изминатиов период несовесни поединци повторно оштетија дел од подната инфраструктура.
Често пати, овој мост кој ги спојува плажите во наслебата Канео со остатокот од градот, е мета вандали, кои со своето недолично однесување ја загрозуваат безбедноста на сите кои секојдневно поминуваат оттука.
Инаку според најавите и дадените ветувања на последните локални избори на овој простор во иднина треба да поминува модерен кеј кој ќе води до центарот на градот.
OhridNews











