“Мостот на желбите” кој од Св. Софија води до плажата Потпеш и населбата Канео повторно е пуштен во употреба.  Мостот се поправаше околу еден месец, откако на 20 февруари, силните бранови и надојденото езеро срушија дел од неговата конструкција, така што истиот не можеше да се користи од страна на граѓаните.


Покрај санирањето на оштените делови биле извршени и поправки за зацврстување, на целата конструкција на мостот, при што сега, тој е многу побезбеден од претходно. Исто така, заменет е и дел од осветлувањето и оградата на мостот.


“Мостот на желбите” е долг 140 метри  и е донација на фондацијата „Рамковски“.

E.E.