Мостот на желбите кој од Св. Софија води до плажата Потпеш и населбата Канео се поправа. Се санираат оштетените делови и се зајакнува мостот. Оштетените дрвени делови се заменуваат со нови, додека металната конструкција ги издржа налетите на невремето велат сопствениците на плажата Потпеш. Тие најавуваат дека кога ќе се намали малку нивото на водата ќе бидат извршени и други поправки, а ќе биде заменето и оштетеното осветлување.
Мостот на желбите се поправа