„Мостови на уметноста: Вевчани – Белград“ е насловена изложбата што вечерва ќе биде отворена во галеријата „O3one“ во Белград, во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.

Изложбата е резултат на долгогодишната успешна соработка меѓу уметничките заедници на двете земји, поттикната од Министерството за култура и туризам и амбасадите на двете држави. Со оваа културна манифестација се оддава почит на македонската уметност и се гради платформа за понатамошна соработка и размена на идеи помеѓу уметниците од Регионот, истакна Угриновска Кукоска.
Изложба се одржува по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, а целта е акцентирање на културното поврзување меѓу Македонија и државите од регионот.
Ги покануваме сите љубители на уметноста да ја посетат оваа уникатна изложба и да уживаат во креациите кои ја отсликуваат богатата културна традиција на Македонија и Србија, нагласи Угриновска Кукоска.
Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ изминатите 15 години прерасна во значајна културна манифестација на која учествувале повеќе од 200 ликовни имиња кои поттикнуваат креативност, соработка и културна размена на народите.
OhridNews











