По назначувањето за шеф на стручниот штаб во тимот на Барселона, Пеп Гвардиола на првиот тренинг одржал мотивационен говор, кој нема да ве остави рамнодушни.
– Господо, добро утро. Можете само да замислите колку со мотивиран што сум овде и што ќе водам овој тим. Имам голема чест.
Пред се, јас го сакам овој клуб и никогаш нема да донесам одлука на негова штета. Се што ќе работам ќе се заснова на мојата љубов кон Барселона.
Во екипата потребни ми се ред и дисциплина. Клубот е во период во кој не сите фудбалери се носат со професионалноста. Сега е време сите да трчаат и да го даваат својот максимум на теренот.
Години сум дел од овој клуб и свесен за грешките кои се направени во минатото. Ќе го бранам секој од вас до смрт, но ќе барам и вие да „гините“ на теренот.
Нема да ве критикувам поради погрешно додавање или некое промашување кое би можело да биди гол се додека гледам и сум сигурен дека давате 100% на теренот. Ќе ви ја простам секоја грешка, но нема ви простам никогаш ако на теренот не го оставате срцето и душат за Барселона.
Од вас не барам резултати туку игра. Нема да дозволоам да се полемизира за нашите игри и дали играте со 100% од вашите можности.
Ова е Барселона, господо. Овде од секој се бара максимално залагање и тоа е она што ќе го барам од вас.
Играч како поединец е ништо. Потребни му се соиграчи и колеги околу него. Сите на теренот сме потребни еден на друг.
Многу од вас не ме познаваат, така да наредниве неколку денови ќе се запознаеме и ќе формираме фамилија. Ако некој има било каков проблем не само спортски секогаш „фамилијата“ ќе биде тука за разговор или помош.
Овде сме да си помогнеме еден на друг и да побараме духовен мир, а не да се чувствува напнатост и поделеност. Сите треба да сме едно, а не мали групи бидејќи тие го убиваат тимскиот дух.
Играчите на овој терен се многу добри. Ако не почнуваме да победуваме ќе бидиме криви сите. Ајде да ги консолидираме редовите кога е најтешко и да стартуваме со победа. А!
Бидете единствени и верувајте ми како поранешен фудбалер сум бил во вашата кожа и знам како ви е и низ што поминувате.
Стилот на играта го диктира историјатата на овој клуб и ќе му останаме верни и доследни. Кога ќе ја имаме топката во наш посед не смее да ја изгубиме, а кога ќе ја изгубиме одма одиме да ја освоиме. То е то момци.“
Во својата четири годишна ера на Ноу Камп моменталниот тренер на Баерн Минхен освои 14-ет трофеи од кои две во Лигата на шампиони и три во Ла лига.
Мх.П.