Валентино Роси е новиот светски првак во најсилната мотоџи класа.

На три трки пред крајот, победата на Големата награда на Јапонија во Мотеги во Мотоџи (Мото ГП) класата, му ја осигура осмата титула светски првак (шеста во најсилната класа)

Триумфот во Јапонија, е негов деветти оваа сезона и вкупно 70 -ти во кариерата .

Популарниот “Il Dottore“ на три трки до крајот, има 312 бодови и недостижна предност.

Следната трка ќе се одржи на 3 октомври, за Големата награда на Австралија.

Генерален пласман:

1.Валентино Роси (Ита/Јамаха)-312 бодови СВЕТСКИ ПРВАК
2.Кејси Стонер (Авс/Дукати)-220 бодови
3.Дани Педроса (Шпа/Хонда)-209 бодови
4.Жорге Лоренцо (Шпа/Јамаха)-169 бодови
5.Андреа Довициозо (Ита/Хонда)-136 бодови
6.Колин Едвардс (САД/Јамаха)-118 бодови

М.П.