
Со цел да се сврти внниманието на учесниците во сообраќајот на моторциклистите и да зе влијае на зголемување на безбедноста, мото клубот „Мото Охрид“ отпочна кампања за заштита на моторциклистите. Отпечатени се флаери, а подготвен е и друг пропаганден материјал кој ќе се емитува на медиумите.
-Тажен е фактот дека многу млади животи прерано се згаснати поради сообраќајни несреќи со моторцикл или мопед на патиштата во Република Македонија.-велат од „Мото Охрид“, од каде се надеваат дека со кампањата ќе придонесат за подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на незгодите.











