Вчера околу 12.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2 во правец на Граничниот премин Ќафасан мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 46-годишен жител на Струга излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Исто така вчера, во 11.40 часот, на крушната крстосница кај „Мороишки мост“, во близина на Струга, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, привеле 34-годишен жител на струшкото село Велешта.

Тој, претходно ги омаловажувал и бил агресивен кон полициските службеници, кои на тој патен потег, преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Димоски.

Ноќеска вo 01.57 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во угостителски објект лоциран во струшкото село Делогожда, сопственост на жител од истото село, настанал пожар во кој, нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.