Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 14:30 часот на регионалниот пат Дебар – Струга во близина на селото Отишани. Во несреќата учествувале патничко возило со скопски регистарски таблички и мотоцикл со кичевски регистрации. Според очевидци, во незгодата животот го загубил возачот на мотоциклот.
Поради несреќата, сообраќајот на патот Дебар – Струга бил во прекин повеќе од 2 часа.
На местото на настанот увид врши истражна екипа и сообраќајната полиција. Истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата во која животот го загуби едно лице.
Г.М.