Вчеравечер, во 23,15 часот, на улицата „Цар Самоил“  моторциклист  вербално, а потоа и физички нападнал полициски службеник.

Имено, на моторциклистот од страна на полицискиот службеник му било побарано да застане и покаже документи за идентификација и сообраќајна дозвола за моторциклот. При тоа, возачот со висок тон и погрдни зборови се обратил кон  полицискиот службеник.  Потоа  го ставил моторциклот во погон со цел да избега од лице  местото , при што удрил во полицискиот службеник нанесувајќи му телесни повреди, на кој му е укажана лекарска помош во Општата болница.

Лицето со употреба на физичка сила  било  доведено во послушност и  приведено во СВР-Охрид. 

OhridNews