Сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Туристичка“, во која е повреден моторциклист. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, до несреќата дошло кога патничко моторно возило се приклучувало од ул. „Стив Наумов“ на булеварот „Туристичка“ по кој се движел мотор, при што дошло до судир.
Повредениот моторциклист е пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“.
OhridNews