Мотоциклистот Илиоски по падот заврши во “Св. Еразмо“
11.02.11 09:47
Најуспешниот македонски мотоциклист и двократен балкански првак и шампион на Источна Европа за 2009 година, битолчанецот Христијан Илиоски се здоби со тешка повреда на десната нога, откако по висинското спуштање со моторот на земја ја скрши бутната коска.
По падот на ридската патека во грчката месност Каритас близу Солун,тој бил префрлен во една солунска болница, каде што домашните лекари ги презеле сите активности за санирање на повредата.
Од фамилијата на Христијан одлучиле хируршката интервенција да биде извршена во болницата за трауматологија и ортопедија “Свети Еразмо” во Охрид.
– Повредата доаѓа во најнезгоден момент, бидејќи Христијан, по неколкудневни тренинзи во Грција, кон средината на месецот требаше да замине на подготовки во Италија и да се вклучи во кампот на познатите фирми Мартини, Хонда и Синод, пред неговото учество на претстојното Европско првенство во мотоциклизам, а потоа и на Светското – велат за “Вест“ од неговата фамилија.
Во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, изминатиот викенд се одигра четвртото коло, кое донесе интересни натпревари и возбудливи резултати Екипата на Света Троица 2021 беше поразена од Кар...
Македонската фудбалска репрезентација до 18 години претрпе минимален пораз од соодветната селекција на Црна Гора со 1:0, во пријателски натпревар што се одигра изминатиот викенд во Охрид По првото ...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Црна Гора У-18 Првиот дуел e денес на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, д...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.