Мозаик од капачиња го разубавува влезот на охридскиот Црвен крст.

Вредните и вешти раце на волонтерите од една од ПХВ групите со безрезервна помош и поддршка на уметникот Никола Упевче изработија прекрасен мозаик од капачиња, кој го разубавува влезот во седиштето на Црвен крст Охрид, велат од организацијата.

Во рамки на Програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) младите волонтери имааат одлична можност да ја изразуваат својата креативност, хуманост и солидарност, но и да стекнуваат нови животни вештини.

OhridNews