
Се очекува зголемување на водостојот на водотеците низ земјава а ова особено се однесува на помалите водотеци со мали сливни површини кај кои побрзо се формира истекувањето. Доколку се остварат прогнозите и на места наврнат над 35 л/м2 можно е да дојде до значително зголемување на водостојот и полнење на коритата на помалите реки а на некои места можно е да има и локални излевања, пред се на малите водотеци и суводолиците. Најмногу треба да се обрне внимание на водотеците во јужните и западните делови од земјава односно на водотеците кои доаѓаат од Кожуфскиот Масив (р.Коњска, р.Кованска, р.Серменинска, р.Бошава, р.Дошница, р.Петрова), потоа малите реки во Гевгелиско – Валандовската Котлина (р.Анска, р.Поганска, р.Луда Мара), како водотеците во горниот дел од сливот на р.Струмица (Радовишкиот крај). Кај големите реки со големи сливни површини се очекува зголемување на нивниот водостој но тие би имале доволно голем капацитет да ги примат овие врнежи без можност за нивно излевање, информира УХМР.
Се препорачува внимателно движење покрај водотеците (особено на помалите и суводолиците) и перманентно следење на состојбата во текот на следните денови.
OhridNews











