Светскиот ден на мозочен удар беше одбележан со превентивни прегледи во повеќе места низ државава. Над 200 посетители имаа можност да дознаат повеќе за  ризик факторите, да добијат совети или преглед од специјалисти, но и да научат за физикалната терапија и рехабилитацијата по мозочниот удар.

Мотото на тимот кој ја започна оваа традиција во 2012 година е дека мозочниот удар може да се спречи.

90 % ОД МОЗОЧНИТЕ УДАРИ СЕ ПОВРЗАНИ СО 10 КЛУЧНИ ФАКТОРИ: Висок крвен притисок, диабетес, аритмија, покачено ниво на холестерол во крвта, прекоумерена телесна тежина, физичка неактивност, пушење, неумерена консумација на алкохол, неправилна исхрана и ниско ниво на едукација и низок животен стандард.

Преземете мерки за да го намалите ризикот од мозочен удар. Доколку имате висок крвен притисок, срцево страдање, диабетес, сте имате ТИА (транзиторна исхемична атака) или
сте преживеале мозочен удар разговарајте со вашиол лекар за можностите за превентивен третман од мозочен удар, порачуваат лекарите.

OhridNews