Македонија е пример за соживот, меѓурелигиска и меѓуетничка толеранција, истакнаа претставниците на Македонската православна црква и на Исламската верска заедница на Втората конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид.
– Охридската конференција е од исклучително значење не само за верските заедници во Македонија, туку и за државата, затоа што на овој начин праќаме порака дека може на еден ваков начин да делува не само на регионот, туку и пошироко да се надминат конфликтите на различните религии и цивилизации, истакна митрополитот Петар.
Според реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, со организацијата на Охридската конференција Македонија промовира и поттикнува дијалог меѓу религиите и различните култури и цивилизации.

Според Реџепи, токму дијалогот и толеранцијата ќе биде начинот преку кој ИВЗ, МПЦ и другите верски заедници во земјата и државата ќе ги затворат отворените прашања.











