Македонската православна црква-Охридска архиепископија во понеделник, заради повисоки цели, побара од власта милост за затворениот владика Јован од ПОА, кој е поранешен архиепископ на МПЦ, но подоцна беше расчинет.

„Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА служејќи му на Бога и раководен од духот на човекољубието, а заради повисоки цели, ги повикува надлежните власти на Република Македонија за милост во однос на затворениот поранешен митрополит Јован, кој поради престапите кои е осуден одлежува затворска казна. Во овие свети предбожикни денови, не треба да биде лишен од надежта за милосрдие”, се вели во соппштението.

 Барањето на МПЦ следи по посетата на Скопје во саботата на  претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија и еден од највлијателните руски митрополити волоколамски Иларион Алефеев.

OhridNews

Извор:„Макфакс“