Натпреварот против Мајорка ќе биде  500-тиот натпревар во дресот на “кралскиот клуб” за иконата на клубот Раул Гонзалес Бланко.

На досега одиграните 499 лигашки натпревари Раул нема добиено црвен картон.

Раул со 65 постигнати погодоци ја предводи вечната листата по постигнати голови во евро натпреварувањата,а во 15-годишната кариера заработил само 22 жолти картони и рекордер по бројот на натпреаври без жолт картон во низа: застана на бројката 80!

Во 499 меча постигнал 221 голови и до клупскиот рекорд на Алфредо ди Стефано го делат само уште пет голови.

ohridnews