Речиси два часа, околу пладне, корисниците на услугите на ВИП Македонија не можеа да воспостават повик.

Од страна на операторот беше дадена информација дека се соочуваат со глобален технички проблем поради кој не се во можност да овозможат користење на нивните услуги и дека екипи работаат на отстранување на проблемот.

Линиите беа повторно пуштени во употреба по 13.30 часот.

OhridNews