Мрсна дамка, која најверојатно е последица на истекување на некаков дериват, е забележана на кејот помеѓу мостот кај х. Палас и пристаништето.


Како што информира директорот на Центарот за јавно здравје, Атанаско Михаилов, земени се мостри од водата за испитување и се очекува во вторник да се добијат резултатите од извршената анализа, по што точно ќе се знае  за какво загадување станува збор.

Ова не е прв пат на овој дел од езерото да се појави мрсна дамка, но и покрај тоа досега никој не е казнет за загадување на Охридското Езеро со нафтени деривати. Експертите посочуваат дека езерото има голема пречистителна моќ и оти ваквите еколошки инциденти немаат поголеми последици, но предупредуваат дека дел од опасните матрерии кои ги содржат дериватите завршуваат во рибите, а преку синџирот на исхрана можат да дојдат и до човекот.

OhridNews