Со победата над Астон Вила 2-1 на гостински терен Арсенал се врати на врвот од Премиер лигата. Дилемата околу победникот „топчиите“ ја резрешија за две минути со погодоците на Вилшер 34-та и Жиру 35-та минута.

Избраниците на францускиот стратег Арсен Венгер имаат бод предност од второпласираниот Манчестер Сити и два повеќе од Челси, кој се наоѓа на третата позиција. „Големата четворка“ ја заокружува Ливерпул со пет бодови негатива од лидерот на табелата.

До крајот на првенството во Англија остануваат уште 17 натпревари, а секој од нив е мошне значаен за сите екипи кои се во „мртва“ трка за титулата, која е во сопственост на Манчестер Јунајтед.

Мх.П.