Младинскиот совет на Охрид, точно напладне ќе ја органзира првата од серијалот панел дискусии ,,СПОРТОТ ВО ОХРИД“.
Воведничари на оваа панел дискусија ќе бидат г-ѓа Соња Думбалова  Делова и г. Владко Димитров, а поканети се наставниците по физичко воспитување од сите основни училишта во Охрид, претставници на спортски клубови од Охрид, спортски работници кои оставија траен белег во областа на спортот во Охрид, претставници на локалната самоуправа, ЈП Билјанини извори, како и активни спортски работници.

На панел дискусијата ќе се зборува за актуелните проблеми и потреби во областа на спортот во општина Охрид. Оваа активност е дел од годишната програма за работа на Советот на млади на општина Охрид, усвоена во месец ноември, а како потреба произлезена од раборниот состанок со членовите на групата ,,квалитет на живеење“ – вели Димче Каневче.

Серијата активности кои ќе се организираат и во иднина, се замислени како можност за отворен дијалот помеѓу локалната власт, институциите и младите.

М.П.