Според извештајот од извршениот мониторинг на работата на советот и администрацијата, како дел од проектот ,,СТАНДАРДИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ НА ОДГОВОРНОСТА, ТРАНСПАРЕНТНОСТА И КООПЕРАТИВНОСТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА“ ,што го спроведе Младинскиот совет Охрид, преку Младинскиот парламент, во периодот од јануари до октомври годинава, најголем број излагања на седниците на советот на општина Охрид имале координаторите на советничките групи од ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, советниците Дејан Паноски и Томислав Тунтев.
 
По нив следуваат : Јованка Дамоска Секулоска, Јоне Станкоски, Љубен Буџакоски,Борис Стефаноски и Величе Маркоски. Без ниту едно едно излагање, согласно официјалните записници, се советниците: Александар Попоски, Кирил Пецаков, Џемал Рахман и Љупчо Настоски.


Како што потенцираат од МСО, во периодот на набљудување, користени биле официјалните записници од одржаните седници на совет.

Општа констатација, во третиот дел на анализите правени од официјалните записници е дека има подобрување на квалитетот на подготовката на записниците во однос на добивањето поисцрпни информации за излагањето на Советниците. За жал од добиените записници, односно од начинот на кој се водени истите,  и овој пат не можевме да направиме комплетни анализи, согласно поставените параметри, велат од МСО.

Од МСО со забелешка и дека записниците од оддржаните седници на советот
на ЛС на општина Охрид не се објавуваат на интернет страницата на
општината, ниту на огласните табли, а исто така не се дистрибуираат или
истакнуваат во урбаните и руралните заедници.

Во периодот јануари- октомври од страна на охридскиот совет биле усвоени вкупно 132 предлог одлуки  со вкупно 119 точки на дневен ред, а до Градоначалникот поставени биле вкупно 34 советнички прашања од кои по две поставиле Дејан Пановски, Виолета Мицковска, Борис Стефаноски, Јоне Станкоски, Каролина Буџакоска, Климе Тренески, Величе Маркоски, Кујтим Усејни, Јованка Дамоска Секулоска, Александар Калачоски, Кирил Пецаков, Љубен Буџакоски и Љубица Смилеска Мојсоска, додека по три прашања советниците Ѓорги Танески и Томислав Тунтев. Без советнички прашања на единствената седница од ваков вид се советниците Александар Попоски, Орхидеја Тасеска, Ахмет Патељ, Верица Хајба, Драган Пандески Љупчо Настоски и Џемал Рахман.Во овој период не била поднесена ниту една иницијатива.

Од Младинскјиот совет потенцираат дека презентираните податоци не претендираат првенствено да се нападнат службите кои ги подготвуваат записниците, туку напротив да им се укаже на одредени недостатоци кои доколку би се отстраниле, записниците би биле поквалитетни.

OhridNews