Домаќинка од Филипини му го исекла пенисот на својот сопруг додека спиел, како би ја осигурала неговата вечна верност, објавила полицијата во Манила.

Полицаецот Роли Липата изјавил дека 37 годишната Ленли Бајабадо се сомневала дека нејзиниот помлад сопруг има авантура што ја навело да му го исече половиот орган додека спие.

Липата кажува дека соседите по злосторството итно го одвезле 32 годишниот сопруг, кој вриштел од болки, во најблиската болница во Манила.


Несреќникот е подложен на повеќечасовна операција за да го сошијат, што е успешно изведено, но изворите од болницата рекле дека нема гаранција дека во иднина ќе може да има нормални сексуални односи.

Бајабадо порекнува дека ја изневерувал својата сопруга и изјавил дека нема да ја тужи затоа што сака да го одржи семејството поради нивните четири деца.