
Тој, казненото дело го сторил на петти октомври годинава во 15 часот и 40 минути на регионалниот пат Струга-село Враништа, при контрола во сообраќајот извршена од полициски службеник од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга. Притоа, полицискиот службеник запрел патничко моторно возило марка „Фолксваген Туарег“ со струшки регистарски ознаки управувано од сега пријавениот. При контрола на возачките документи било констатирано дека истиот, моментно немал возачка дозвола. Кога полицискиот службеник сакал да го регистрира прекршокот, сега пријавениот се обидел да го фати службеното лице и да го одврати од намерата а потоа му упатил серија вербални закани дека ќе нападне врз неговиот живот и сигурноста. – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.
OhridNews











