Живко Мукаетов е новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија. Мукаетов беше избран со едногласна одлука на собранието и на престолот ќе го наследи Михајло Михајловски, кој е награден со почесен претседател на РФМ.
– Во овој проект влегувам со голем ентузијазам, како огромен љубител на спортот, темелен стратег и се надевам добар визионер. Ќе се потрудам македонскиот ракомет да функционира на поинаков начин отколку досега, дисциплина и напорна работа пред се, организациска структура со точно дефинирани одговорности, акцент на стратегијата од клупа…, кои верувам дека на долг рок ќе не донесат до посакуваните резултати. Да ги оставиме суетите на страна, да се сконцентрираме на конкретните задачи и за враќање на ракометот и во помалите градови, кои до пред извесно време важеа за спортски центри. Поседуваме солидна база, квалитет, што ќе треба само добро да се моделира – рече Мукаетов по назначувањето за прв човек на РФМ.
Машката ракометна селекција е на сред квалификацискиот циклус за Европското првенство во Данска, а за тоа свој осврт даде и новиот претседател Мукаетов.
– Еден месец е премалку за да можам да ветам дека ќе го испорачаме посакуваниот резултат, но по природа сум човек кој не се откажува, по природа сум борец и можам да ветам дека ќе дадам се од себе. Треба да бидеме реални: патот за Данска ни е многу трнлив и многу неизвесен. Знам дека јавноста е насочена кон истото, но работите треба да се гледа на долг рок. Успех и пласман на ЕП, но клучното прашање е што потоа – заврши Мукаетов.
Потпреседателите и другите тела на РФМ ќе се одбираат дополнително на собранието на Управниот одбор.
Четиринаесет едриличари од клубовите „Акватика Јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ја претставуваа Македонија на 54 Балканско првенство во едрење кое се одржа во Волос, Грција, натпреварувајќи с...
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата вечерва ја пречекуваат екипата на Струга Подготвени сме, ќе го дадеме максимумот да ја постигнеме првата победа во оваа сезона во домашно...
Ракометарите на Охрид во рамки на 2-то коло на Супер лигата во сабота, 12 септември, ја пречекуваат екипата на Струга Играме против Струга, нов и добро избалансиран тим со искусни играчи Ние сме фа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.